Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека земјата е добро подготвена за енергетската криза која се очекува во зима и дека граѓаните немаат причина да се грижат.
Ќе го поминеме тоа. Живееме во сериозни времиња, рече Шолц во видео-пораката емитувана денеска.
Тој додаде дека кризата не ја чувствуваат само граѓаните на Украина, туку и оние во Европа и многумина во светот, пренесува Билд.
Сепак, Германија е добро подготвена за фактот дека Русија во голема мера ќе го запре протокот на гас поради војната, рече Шолц, посочувајќи на складиштата за гас, напорите за увоз на течен гас и можноста за користење фосилна енергија, а во случај на потреба, нуклеарна енергија.
Покрај тоа, федералната влада планира пакет помош за граѓаните, рече Солц, додавајќи дека никој нема да биде оставен сам да се грижи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.