Германскиот канцелар Олаф Шолц се огради од поранешниот шеф на германската Влада, Герхард Шредер, во однос на неговите изјави во врска со Украина.
Шредер не зборува во име на владата, тој не работи за владата и не е дел од владата – порача Шолц во интервју за „Си-Ен-Ен“.
Шолц истакна дека сега тој е канцелар и дека политичките стратегии на земјата се тие што ги кажува тој.
Германскиот канцелар нагласи дека води германска политика и порача дека прашањата за ангажманот на Шредер во Русија мора директно да му се постават на неговиот поранешен сопартиец.
Во интервјуто, Шолц избегнува директоно да одговори за санкциите против Русија, а како и при разговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден, Шолц избегна да зборува за гасоводот „Северен тек 2“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.