Германскиот канцелар, Олаф Шолц, порача дека Русија не треба да ја потценува одлучноста на Западот да реагира на каква било ескалација на украинско-руската криза.

Во оваа критична ситуација за сите нас, Русија не треба да го потценува нашето единство и решителност како партнери во ЕУ и како сојузници во НАТО – изјави Шолц по разговорите со балтичките лидери во Берлин.

Шолц додаде дека Германија многу сериозно ја сфаќа загриженоста на нејзините сојузници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.