Германскиот канцелар Олаф Шолц посочи дека ЕУ денеска на одлуката на Русија да ги признае Доњецк и Луганск ќе одговори со санкции и дека наредил повлекување на документите, со што се оневозможува доделување сертификати за отворање на гасоводот „Северен поток 2“.

На прес-конференција Шолц рече дека ЕУ ќе се договори за пакетот санкции што ќе го усвои денеска.

Ситуацијата денеска е сосема поинаква од пред неколку дена и затоа треба повторно да ја анализираме. Побарав од Министерството за економија да го повлече документот од процедура и со тоа да го оневозможи сертификатот за гасоводот Северен поток 2 – рече тој.

Шолц рече дека Европа се соочува со тешки денови и дека 80 години по Втората светска војна, во Европа се заканува нова војна.

Наша одговорност е да го спречиме тоа. Апелирам до Русија да ни помогне во тоа – истакна Шолц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.