Германскиот канцелар Олаф Шолц се залага за посилна и „геополитичка“ Европска унија во контекст на руската инвазија на Украина.

Во коментар за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германскиот лидер ја повика Унијата да ги збие редовите во сите области каде што земјите-членки досега биле поделени, од миграциската политика до развојот на заедничката европска одбрана. За да го постигне ова, неговата влада ќе даде конкретни предлози „во следните месеци“, рече Шолц.

Според зборовите на германскиот лидер, ЕУ е „жива антитеза на империјализмот и автократијата“, поради што претставува пречка за владетелите како рускиот претседател Владимир Путин.

Постојаното неединство, трајното несогласување меѓу земјите-членки не слабее, предупреди Шолц.

„Затоа единството е најважниот одговор на Европа на новите времиња: Единството. Апсолутно мора да го одржиме и мора да го продлабочиме“, рече тој.

Канцеларот повика и на прекин на „себичните блокади на европските одлуки од страна на одделни земји-членки“. ЕУ, на пример, едноставно не може да си дозволи национално вето во надворешната политика, ако сака да биде сфатена сериозно во светот на конкурентните суперсили, рече Шолц.

Во меѓувреме, ЕУ се развива и се шири, истакна германскиот канцелар.

Европската унија е поатрактивна од кога било, се отвора за нови членки и истовремено ќе се реформира, пренесе Индекс.хр.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.