Едностраниот чекор на Русија е јасно кршење на Договорот од Минск и тој чекор нема да остане без одговор, соопштија вечерва во заедничка изјава германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Џозеф Бајден.

Канцеларот Шолц вечерва разговараше со Бајден и Макрон по влошувањето на ситуацијата во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Указот за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) во источна Украина, изјави портпаролот на германската влада Стивен Хебестрајт.

Тие се обединети во изјавата дека овој унилатерален чекор на Русија е јасно кршење на Договорот од Минск. Германија, Франција и САД остро ја осудуваат одлуката на рускиот претседател. Тој чекор нема да остане без одговор, се наведува во заедничкото соопштение.

Шолц, Макрон и Бајден изразија солидарност со Украина и ја пофалија досегашната воздржана реакција од претседателот Володимир Зеленски.

Тие нагласија дека нема да попуштат во нивната посветеност на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.