Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржа членството на Украина во ЕУ на бизнис форум во Берлин посветен на обновата на Украина.

– Додека ја обновуваме Украина, тогаш да го сториме тоа имајќи ја на ум целта Украина како членка на ЕУ, рече Шолц.

Транспортната инфраструктура како и логистичкиот и транспортниот сектор треба да се развиваат на тој начин што земјата ќе се поврзе без никакви проблеми со ЕУ.

– Кој денес инвестира во обновата на Украина, инвестира во идна земја членка на ЕУ која ќе биде дел од нашата заедница на закони и нашиот внатрешен пазар, рече Шолц.

Германскиот канцелар истакна дека повеќе од 2.000 германски компании биле активни во Украина, други сакаат да се вратат што е можно поскоро.

Тој апелираше до украинската влада дополнително да ги подобри рамковните услови за инвестирање. Спомна повеќе владеење на правото, поголема транспарентност и уште порешителна борба против корупцијата, пренесе ДПА.

Шолц, исто така, вети дополнителна воена помош за Украина, особено за да се заштити од напади од воздух



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.