Се чини дека Шин Фејн е на пат да стане најголемата партија во собранието на Северна Ирска, што претставува симболичен пробив за ирскиот национализам, според нецелосните изборни резултати во петокот.

Проекциите го ставаат Шин Фејн пред Демократската унионистичка партија (ДУП). Доколку се потврдат во конечните резултати, тоа ќе ѝ овозможи на партијата да испише историја и да предизвика шок за унионистите со номинирање на лидерката на партијата, Мишел О’Нил, за прв министер.

Другиот очигледен голем победник од изборите во четвртокот беше центристичката Алијанса, која оствари придобивки низ Северна Ирска, ставајќи ја на третото место и консолидирајќи го влијанието на гласачите кои ги избегнуваат националистичките и унионистичките етикети.

Во симболична смисла, Шин Фејн како најголема партија во Северна Ирска – ентитет создаден врз основа на унионистичко мнозинство – ќе биде сеизмички“, рече Џон Тонге, професор по политика на Универзитетот во Ливерпул и авторитет во регионот. „Партијата која не сака Северна Ирска да постои и дури одбива да го користи терминот Северна Ирска ќе стане нејзина најголема партија. Тоа нема да предизвика тргање на границата, но е чекор напред на долгиот пат до ирското единство“.

Пропорционална застапеност во 18 петчлени изборни единици беше искористена за избор на 90 членови на собранието. Излезноста беше 63,6%, слично на последните парламентарни избори во 2017 година. Се чинеше дека Шин Феин ги освои или ги надмина 27-те места што ги освои тогаш, престигнувајќи ја ДУП, кој се чинеше дека е на пат ќе загуби неколку од своите 28 места, рече Николас Вајт, експерт за изборите во Северна Ирска.

Се чини дека Алијансата ќе ги удвои претходните осум места. Трансферите ќе ги одредат последните места, а броењето веројатно ќе продолжи до сабота.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.