Цугшпице, највисокиот германски врв со 2.962 метри надморска височина, ги изненади љубителите на зима со брзината на промена на времето.
Од врели летни денови, планинскиот врв за само пет дена премина во вистинска зимска идила.
Во последните 48 часа на овој врв напаѓа 13 сантиметри снег, а денеска паднаа нови 22 сантиметри.
Според прогнозата, утре се очекуваат нови 38, додека на 14 септември снежната прекривка ќе биде подебела за нови 29 сантиметри.
Обилен снег, најсилен за време на ноќта во петок. Температурата ќе биде под нула(највисока -1 во сабота навечер, минимално -5 во сабота наутро). Ветерот главно ќе биде слаб, гласи прогнозата на Сноу форкест.
Во моментов скијашките лифтови и патеки се затворени, со оглед на тоа дека сезоната за скијање почнува на 29 ноември, порачуваат од Цугшпиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.