Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им кажал на своите западни колеги дека војната во Украина оди кон „неконтролирана ескалација“, пренесува Гардијан.

Додека руските трупи поставуваат нова одбрана за офанзивата на Украина во Луганск на истокот на земјата, се чини дека Москва го подготвува теренот за нова ескалација, инсистирајќи дека Киев можеби се подготвува да употреби „валкана бомба“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека се апсурдни тврдењата дека Украина се подготвува да употреби валкани бомби.

Кремљ продолжи да го повторува тврдењето за украинска валкана бомба, а Игор Кирилов, шеф на единицата за радиоактивно оружје на вооружените сили, рече дека војниците се мобилизираат да работат во радиоактивно контаминирана средина.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека заканата е реална.

Во телефонските разговори со британските, француските и турските колеги, Шојгу зборуваше за „брзо влошената ситуација“, а телефонски разговараше и со американскиот министер за одбрана Лојд Остин, по втор пат во три дена.

Без да обезбеди докази, Шојгу рече дека Украина може да ескалира со употреба на „валкана бомба“ – конвенционален експлозив помешан со радиоактивен материјал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.