Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска оцени дека украинската контраофанзива е целосен неуспех, но додаде дека ситуацијата во дел од регионот Запорожје, што е под руска контрола, е тензична, јавија западни медиуми.

Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт. Ситуацијата е најтензична на фронтот во регионот Запорожје. Непријателот активираше бригади од своите стратешки резерви чии војници се обучени од западни инструктори, појасни рускиот министер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.