Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Пјонгјанг разговараше за зајакнување на одбранбената соработка со началникот на одделот за одбрана на Северна Кореја, армискиот генерал Канг Сун Нам.
Убеден сум дека денешните разговори ќе помогнат да се зајакне соработката меѓу нашите одбранбени оддели, истакна Шојгу.
Тој додаде дека Русија планира доследно да ги развива односите со Северна Кореја во сите области.
Северна Кореја и Русија имаат заедничка граница – 17 километри на копно и 22 километри на море и богата историја на соработка.
Посетите на воени бродови, официјални посети на високи претставници на одделот за одбрана, размена на делегации на работно ниво, обука на персоналот, придонесоа за одржување на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров, посочи Шојгу.
Тој ја предводи руската делегација, која синоќа пристигна во Северна Кореја за да присуствува на церемониите по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.