66-годишиот Шојгу не е виден со Путин уште од нивната средба на 27 февруари, на која што присуствуваше и началникот на генералштабот на руската армија Валери Герасимов. На веб сајтот на руското МО нема нови објави во врска со Шојгу од 11 март.

Рускиот независен медиум „Агентство“ објави дека Шојгу, кој е еден од најблиските соработници на претседателот Владимир Путин, последен пат се појавил на државната телевизија на 11 март. „Агентство“, цитирајќи неименуван руски функционер, шпекулира дека Шојгу можеби не се чувствува добро и има проблеми со срцето.

Според извештајот на „Агентство“, рускиот „Прв канал“ на 18 март емитуваше прилог со Шојгу, но фотографијата искористена да се илустрира приказната е од видео објавено на веб сајтот на руското Министерство за одбрана од 11 мат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.