Чешкиот кабинет одобри нов предлог за зголемување на квотите за работниците од други земји, меѓу кои и од Македонија, истовремено намалувајќи ги ограничувањата за Украинците.

Владата на Чешка планира да го зголеми бројот на работни визи за луѓето кои работат во земјоделството, прехранбената индустрија и шумарството од 1. 500 на 2. 500.

Таа промена се однесува за работници од Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија и Македонија.

Чешката влада на почетокот на годинава соопшти дека, преку своите нови специјални визни мерки, има за цел да го зголеми бројот на странски работници во земјата за 20. 000 годишно.

Во услови на постојан недостиг на работна сила во таа држава, Министерството за труд сака да привлече повеќе странски работници.

Властите одобрија зголемување на квотата за аплицирање за Филипинци кои бараат деловни визи од 5. 000 на 10. 300, според министерот за труд Маријан Јуречка.

Министерот за земјоделство Марек Виборни објасни дека нема доволно работници во земјоделството, особено за време на жетвата кога има од 8. 000 до 10. 000 непополнети позиции.

Градежната индустрија во Чешка има недостиг од околу 60. 000 работници, а транспортните фирми предупредуваат на дефицит од 25. 000 до 28. 000 професионални возачи во следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.