Шест лица се префрлени во болница откако биле застрелани на концерт во Орегон, во петокот вечерта, соопшти полицијата.

Шефот на полицијата Крис Скинер рано утрото им изјави на новинарите дека една жртва е во критична состојба, во како што ја нарече, една од најтешките престрелки што се случија во градот Јуџин.

Тоа лице е однесено на операција, рече тој. Скинер не кажал во каква состојба се другите застрелани лица.

Пукањето се случило на паркингот пред концертната сала, каде настапувале Лил Бин и Заи Бенг и други бендови и изведувачи, соопшти полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.