Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус соопшти дека е на пат за Сирија.

Јас сум на пат за Сирија каде СЗО ги поддржува основните медицински операции во областите погодени од земјотресот, напиша тој на Твитер.

Според Белите шлемови, бројот на загинати во земјотресот во северозападна Сирија се искачи на 2.030 жртви, а 2.950 луѓе се повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.