Директорот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, следната недела ќе отпатува во Вашингтон за да ја изнесе позицијата на Израел за обновување на иранскиот нуклеарен договор, јавија израелски медиуми.

Посетата е закажана за 31 август. Дејвид Барнеа се очекува да зборува пред американскиот Сенат во една од неговите комисии.

Барнеа оваа недела порача дека израелските разузнавачки служби се подготвени да дејствуваат против Иран во име на заштита на интересите на земјата, иако западните земји наскоро може да се договорат со Техеран за заживување на нуклеарниот договор.

Иран веќе го потврди приемот на одговорот на Вашингтон на предлогот за нуклеарниот договор. Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави дека Иран отстапил од некои клучни барања.

Минатата недела ЕУ потврди дека добила одговор од Техеран на нацрт-договорот предложен од Брисел за враќање на нуклеарниот договор. Во исто време, Блумберг цитира извор кој вели дека Брисел позитивно реагирал на одговорот на Техеран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.