Прес-секретарот на претседателот на Чешка објави дека на 60 чешки државјани им е дозволено да се приклучат на вооружените сили на Украина.

Како што објавуваат чешки медиуми, вкупно, повеќе од 180 Чеси се пријавиле да се приклучат на украинската армија.

Барањата ги разгледале МНР, МВР и Министерството за одбрана на Чешка, а потоа и претседателите, прво Милош Земан, а потоа и Петр Павел кој го наследи на функцијата.

Постојат и такви чешки граѓани кои се приклучуваат на украинските силк без да добијат официјална дозвола за тоа, кои во таков случај, според чешкиот закон, може да се соочат со затворска казна за платеник – до пет години. Сепак, во март 2022 година, Чешка одлучи да не ги казнува оние граѓани кои одат да се борат во Украина без дозвола од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.