Комисијата за образование во Пекинг објави дека сите основци и средношколци во главниот град на Кина можат да се вратат на индивидуални часови.
Властите во Шангај прогласија победа над вирусот бидејќи во градот за прв пат во два месеци нема пријавени случаи, јавуваат агенциите.
Двата големи града беа меѓу неколкуте градови во Кина кои воведоа ограничувања за да се запре ширењето на омикронската варијанта на Ковид-19 од март до мај оваа година, а Шангај воведе двомесечен карантин на целата нејзина територија, кој беше укинат на 1 јуни, пренесува Ројтерс.
Властите во Пекинг ги затворија училиштата на почетокот на мај оваа година и им наредија на учениците да се префрлат на онлајн настава поради нагло зголемување на случаите на Ковид-19, а на средношколците им беше дозволено да се вратат во училниците на 2 јуни.
Во Шангај, каде што на 1 јуни беше укинат двомесечниот карантин, денеска не беа пријавени нови локални случаи, било симптоматски или асимптоматски, според Ројтерс.
Во тој град со 25 милиони жители, масовното ПЦР тестирање ќе продолжи секој викенд до крајот на јули, а јадењето во затворен простор се уште е забрането во повеќето делови од градот.
Претседателот на Комунистичката партија на Шангај, Ли Чианг, на отворањето на партискиот конгрес на градот во саботата рече дека градските власти ја добиле војната за одбрана на Шангај од Ковид-19 следејќи ги упатствата на кинескиот претседател Кси Џинпинг и дека одлуките на Пекинг за спречување на епидемијата биле „целосно ефикасни“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.