Еден од обвинетите за терористичкиот напад во трговскиот центар Крокус во близина на Москва, во февруари на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил фотографии од Истанбул, дознаваат руските медиуми.

Шамседин Фаридуни, во еден ден, на 23 февруари, објавил осум објави. Речиси сите фотографии укажуваат на локацијата „Аксарај, Истанбул“.

Меѓу објавените фотографии има и фотографија од самиот Фаридуни, како и фотографии за кои се претпоставува дека се направени во џамијата Фатих.

Судот во Москва претходно му одреди притвор на Фаридуни до 22 мај. Како што пренесуваат руските медиуми, тој открил дека е роден 1998 година во Таџикистан и дека има осуммесечно дете.

Обвинетиот рекол дека работел во фабрика за паркет во Подолск, а бил регистриран во Красногорск. Терористичкиот напад на трговскиот центар Крокус, се случи вечерта на 22 март пред концертот во Красногорск во близина на Москва.

Дописникот на руските медиуми кој бил сведок на инцидентот јави дека неколку маскирани лица влегле во салата, пукале во луѓе од непосредна близина и фрлале запаливи бомби.

Според ФСБ, оружјето што го користеле терористите било однапред подготвено во кеш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.