Севернокорејските сајбер-криминалци украле криптовалути во вредност од неколку милиони долари за да ја финансираат програмата за ракетно оружје, се вели во извештајот на Обединетите нации.

Во периодот меѓу 2020 и 2021 година, повеќе од 50 милиони дигитални пари биле украдени во сајбер напади, обелодени истрагата , пренесува Би-Би-Си. 

Таквите напади се „важен извор на приходи“ за нуклеарната и балистичка нуклеарна програма на Пјонгјанг, додаваат ОН.

Сајбер нападите се насочени кон најмалку три размени на криптовалути во Северна Америка, Европа и Азија.

Во извештајот се цитира и студија објавена во јануари од безбедносната компанија „Чајнализис“, во која се наведува дека сајбер напаѓачите од Северна Кореја можеби успеале да украдат до 400 милиони долари во криптовалути минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.