Северна Кореја ја одбележа 80-годишнината од раѓањето на поранешниот лидер Ким Џонг Ил без ракети и воена парада, но со голем собир на отворено на ниски температури, јави денеска државната агенција.

Неговиот син, актуелниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун, го прослави Денот на светлата ѕвезда, кој ја одбележува годишнината од раѓањето на неговиот татко, во завеаниот Самиџион, во близина на планината Паекту, каде што, според официјалната историја, на 16 февруари 1942 година е роден Ким Џонг Ил.

Фотографиите објавени во севернокорејските медиуми покажуваат голем број луѓе собрани пред статуата на Ким Џонг Ил за да го „прослават големиот празник на нацијата“, јави официјалната новинска агенција КЦНА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.