Во изминатите 24 часа во Јапонија регистриран е најголем број на смртни случаи од последици од Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Јапонските здравствени власти соопштија дека минатото деноноќие се регистрирани 236 смртни случаи што е рекордна бројка. На 18 мај минатата година беа забележани 216 смртни случаи.

Смртноста е голема иако е забележан пад на бројот на новозаразени со сојот Омикрон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.