Северна Кореја денеска истрела можна интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ), објавија армиите на Јужна Кореја и Јапонија, што ќе биде прво вакво лансирање во целиот опсег на најголемите ракети од 2017 година.

Северна Кореја денеска истрела можна балистичка ракета во водите источно од Корејскиот полуостров, соопшти кабинетот на јапонскиот премиер.

Јужна Кореја исто така го пријави лансирањето, велејќи дека сè уште се обидува да утврди колку точно проектили биле лансирани. Јапонските власти наведуваат дека проектилот паднал на 170 километри од границата, пишува Франс прес.

Таа нема тестирано вакви ракети од 2017 година.

Јужнокорејскиот началник на здружените сили изјави дека е откриено лансирање на „неидентификувана ракета“ од Северна Кореја. Тој рече дека се смета за проектил со долг дострел, можеби интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ), објави Јонхап.

Јужна Кореја свика состанок на Советот за национална безбедност за севернокорејското прашање во врска со последното лансирање. Јужнокорејското Министерство за одбрана не можеше веднаш да потврди дали се работи за ИЦБМ. Северна Кореја нема тестирано вакви ракети од 2017 година.

Претходните извештаи велеа дека Северна Кореја се подготвува да ја лансира најголемата ракета до сега. САД и Јужна Кореја предупредија дека Пјонгјанг се подготвува да лансира интерконтинентална балистичка ракета во полн дострел за прв пат од 2017 година, што е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Доколку се потврди дека се работи за лансирање ракета, тоа ќе биде 11-то лансирање на Северна Кореја оваа година. Американските власти претходно овој месец објавија дека „ги интензивираат активностите за собирање разузнавачки информации, подготвеност и надзор поврзани со Северна Кореја по неодамнешната серија лансирања на проектили“, објави Си-Ен-Ен.

Минатата недела, американската војска организираше вежби, вклучително и симулација на систем за одбрана од балистички проектили, околу Корејскиот полуостров за да одговори на некој начин на севернокорејските активности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.