Неколку земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегрејските полиња, во близина на Неапол, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3 часот и 35 минути и бил почувствуван во некои делови на Неапол и околните села, пренесува АНСА.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 3 километри.

Засега нема информации за материјална штета или жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.