Децата во Украина се соочуваат со страшна ситуација, при што секое второ морало да го напушти својот дом – изјави портпаролот на УНИЦЕФ за Би-Би-Си.
Западниот украински град Лавов се најде под силен ракетен оган и Џејмс Елдер од УНИЦЕФ, вели дека нападите го зголемуваат теророт што го чувствуваат луѓето таму.
– Бев во болница каде што гледав како жените слегуваат секој пат кога имаше сирена за воздушен напад, носејќи бебиња стари два дена или жени во 36-та недела од бременоста на кои им е студено – истакна тој.
– Тие жени вечерва повторно се кријат – преплашени, скаменети. И уште толку луѓе и деца – изјави синоќа Елдер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.