Италијанците фрлаат 500.000 тони храна секоја година за време на божиќните празници. Како што соопшти италијанското непрофитно здружение на потрошувачи „Асутенти“, поради тоа, секое семејство ризикува да фрли до 80 евра во канта за ѓубре.
Покрај свежите производи како овошје и зеленчук, тестенините, рибата и вино се меѓу најчестите производи кои на Божиќ завршуваат во корпата за отпадоци.
Само во прехранбениот сектор, во Италија како отпад годишно се фрла храна вредна девет милијарди евра, од кои околу 6,5 милијарди се фрлаат само од италијанските домови.
Во просек, 524 грама храна по човек во Италија неделно завршуваат во ѓубре, што е приближно 75 грама дневно или 27,2 кг годишно.
Лебот и свежиот зеленчук се меѓу најчесто фрлените намирници во Италија, заедно со безалкохолните пијалоци, мешунките, свежото овошје и тестенините.
Во текот на минатата година едно италијанско семејство во канта во просек фрлило храна вредна 252 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.