Пожар избувна во автобус во Пакистан предизвикан од дефект на електричната инсталација во клима-уредот на возилото, при што загинаа 17 лица, од кои десетина деца.
Со автобусот патувале членови на пошироко семејство од Карачи до нивниот град Хаипур Натан Шаџ во провинцијата Синд, изјави провинцискиот министер за информации Шарџил Мемон.
Станува збор за семејство што во август се преселило во Карачи, по поплавите што го зафатија нивниот град и повеќе области на Пакистан во кои загинаа повеќе од две илјади лица.
Во пожарот целосно изгоре возилото, а некои од телата се јагленисани до непрепознатливост, изјави претставник на локалната полиција Џавед Балоч.
Лошите патишта, слабо одржуваните возила и супстандардниот безбедносен режим предизвикуваат бројни несреќи во Пакистан секоја година, што резултира со илјадници смртни случаи, покажуваат владините статистики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.