Најмалку седум лица загинаа, три се водат за исчезнати, а девет се тешко повредени кога во саботата карпа паднала врз моторен чамец под водопад во југоисточниот дел на Бразил, соопшти локалната противпожарна служба.

Камениот блок ненадејно се одвоил од ѕидот на кањонот и удрил во неколку чамци, предизвикувајќи огромен бран над езерото Фурнас во регионот Капитолио, во државата Минас Жераис, соопштија локалните власти.

Властите соопштија дека пожарникарите и нуркачите трагаат по исчезнатите.

Потврдено е дека во несреќата се повредени најмалку 32 лица, а меѓу нив 23 лица со полесни повреди се пренесени во Санта Каса де Капитолио и веќе се пуштени од болница.

Езерото Фурнас, познато и како „Минасово море“, е популарна туристичка дестинација во област околу 420 километри северно од Сао Паоло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.