На европско тло се случува седмиот бран на Ковид-19. Новиот скок на заразените може да се објасни со олабавувањето на мерките за заштита, но и со намалувањето на имунитетот на луѓето. Сега е познато дека заштитата што ја обезбедуваат вакцините и претходните инфекции слабее по неколку месеци.

Луѓето инфицирани со омикрон сојот во декември се помалку заштитени од заразените на почетокот на годината. Истото важи и за имунитетот што го постигнуваат вакцините, иако тој останува многу силен против тешките форми на болеста, малку е послаб за помалку тешки форми, рече директорот на францускиот истражувачки центар ЦНРС, Семјуел Алисон.

Научниците исто така велат дека новиот бран се објаснува и со развојот на новите омикронски подваријанти, BA.4 и BA.5.

Новите потсоеви побрзо се шират поради двојните карактеристики што ги имаат, нивната поголема заразност и поради слабеењето на имунитетот, односно можноста за избегнување на имунолошкиот одговор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.