Онлајн медиумот „Ситизен њуз“ за вести од Хонгконг соопшти дека ќе престане со работа, неколку дена откако полицијата изврши рација и уапси седум лица кои работеа на информативниот сајт „Стенд њуз“.
Од „Ситизен њуз“ соопштија дека на 4 јануари ќе престанат да ја ажурираат страницата, а потоа и ќе ја затворат.
Отсекогаш сме ја сакале оваа земја, но во моментов сме беспомошни бидејќи се соочуваме не само со ветер и дожд, туку и со торнада и огромни бранови. Никогаш не ги заборавивме нашите првични намери, но штета е што брзите промени во општеството во изминатите две години и влошувањето на медиумската средина не спречија безгрижно да ги реализираме нашите идеали – се наведува во соопштението на медиумот.
„Ситизен њуз“ е трета медиумска куќа која се затвора во изминатите неколку месеци, по престанувањето со работа на „Епл дејли“ и „Стенд њуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.