Правилата за проверка на патниците на турските аеродроми се заоструваат.

Турскиот Парламент доцна синоќа ги усвои измените на законот за цивилна авијација, со кои се заоструваат процедурите за проверка на патниците на аеродромите, пренесува турски информативен сајт.

Новите правила ќе бидат во согласност со Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство (Конвенција од Чикаго), која им овозможува на службениците за безбедност да ги претресуваат работите на патниците на влезот на терминалот и на влезот во зоната за бординг.

Ова се однесува и на личниот багаж и на електронските уреди. Доколку патникот одбие да ги достави своите работи на проверка, нема да биде дозволен влез во аеродромот или во зоната за поаѓање.

Забранетите предмети ќе бидат одземени на лице место. Главните аеродроми во Турција имаат два контролни пункта. Пунктовите се опремени со современа опрема и по потреба се вршат физички претреси.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.