Папата Франциск денеска ја напушти болницата Гемели во Рим, каде неколку дена беше лекуван од инфективен бронхитис.
-Сè уште сум жив“, се пошегува папата (86) на излегување од болницата.
Ватикан вчера најави дека папата Франциск ќе ја напушти болницата денеска и дека утре планира да ја предводи мисата за верскиот празник Цветници, на плоштадот Свети Петар.
Светиот Отец пред три дена беше примен во римската болница каде прими антибиотска терапија.
Папата, кој има повеќе здравствени проблеми, беше примен во болница поради проблеми со дишењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.