Околу 850 лица се уште се водат за исчезнати по разорните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи.

Градоначалникот на оваа област, Ричард Бисен, соопшти дека повеќе од 1.200 лица, кои биле на списокот на исчезнати, досега се пронајдени безбедни, а се очекува бројките да варираат.

Официјално е потврдено дека досега во пожарите загинале 141 лице.

Американскиот претседател Џо Бајден треба да го посети островот, првпат откако островот го зафатија пожарите.

Официјален претставник на Белата куќа за американските медиуми изјави дека Бајден планира да именува федерален службеник за итни случаи кој ќе ги води долгорочните напори за закрепнување на островот.

Пожарот уништи голем дел од историскиот град Мауи Лахаина, а овие пожари се сметаат за најлошата природна катастрофа во историјата на Хаваите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.