Силна експлозија ја срушила главната тврдина на вооружените сили на Украина во југозападниот дел на Бахмут. На социјалните мрежи се појавија снимки од експлозијата што целосно уништи десеткатница во Бахмут, која служела како главна одбранбена позиција на украинските сили во таа област.

Според германски воени аналитичари, експлозијата дошла како последица од руски воздушен напад, додека украински извори велат дека самите украински сили ја разнеле зградата пред да се повлечат од позициите.

Украинската војска објави и снимка од свој дрон на која наводно се гледа дека тие самите ја дигнале зградата во воздух, пред да се повлечат.

Претходно, уредникот на германски „Билд“, Џулијан Ропке, објави дека „десеткатницата, која служела како главна одбранбена позиција на Украина во област била уништена од воздушни напади на руските сили“.

Воените дописници од регионот, на социјалните мрежи честопати објавуваа видеа од повеќекатните згради во Бахмут, кои вооружените сили на Украина ги претвориле во свои моќни утврдувања со стрелачки точки во становите, засолништа од бомби во подрумите и набљудувачки пунктови за прилагодување на стрелбата кон противникот на покривите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.