Поротата го прогласи синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден за виновен по сите три обвиненија во федерално судење за оружје, објавија неколку медиум, цитирајќи новинари во судницата.

Хантер Бајден беше обвинет за давање лажни изјави при купување оружје во октомври 2018 година и прикривање на неговата зависност од дрога во тоа време. Тој може да се соочи со затворска казна до 25 години и парична казна до 750.000 долари.

Сепак, не е јасно колку тешка казна ќе изрече одговорниот судија, бидејќи Хантер Бајден нема криминално досие.

Американскиот претседател претходно изјави дека нема да го помилува својот син во случај да биде осуден, забележа ДПА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.