Инспектори на нуклеарна контрола од Обединетите нации открија дека околу два ипол тони природен ураниум исчезнале од наоѓалиште во Либија, кое повеќе не е под контрола на владата на државата, јавија западни медиуми.
При вчерашната инспекција, инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утврдиле дека „10 буриња во кои имало околу два и пол тони природен ураниум во форма на UOC (концентрат на руда од ураниум), кој (Либија) претходно го пријавиле за складирање на таа локација, не се на тоа место“, рече шефот на МААЕ Рафаел Гроси.
Наодот е резултат на инспекцијата првично планирана за минатата година, која „мораше да се одложи поради безбедносната ситуација во регионот“ и конечно беше извршена вчера, се вели во доверливата изјава на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси.
„Губењето на информации за моменталната локација на нуклеарниот материјал може да претставува радиолошки ризик, како и загриженост за нуклеарната безбедност“, се вели во извештајот, додавајќи дека за да се стигне до локацијата потребна е „сложена логистика“.
Во 2003 година, Либија под тогашниот лидер Моамер Гадафи се откажа од својата програма за нуклеарно оружје, која имаше центрифуги што може да збогатуваат ураниум, како и информации за дизајн на нуклеарна бомба, иако постигна мал напредок.
Во Либија нема мир по 2011 година, кога беше соборен Гадафи. Од 2014 година, политичката контрола е поделена меѓу ривалските источни и западни фракции, а последниот голем конфликт заврши во 2020 година.
Привремената влада на Либија, формирана на почетокот на 2021 година преку мировен план поддржан од ОН, требаше да трае само до изборите закажани за декември истата година, кои сè уште не се одржани, а нејзиниот легитимитет сега е исто така оспорен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.