Француската полиција соопшти дека бројот на обиди на мигранти илегално да го преминат Ла Манш за да стигнат до Англија значително се зголемил во првата половина на 2022 година по веќе рекордната 2021 година.

Од француското министерство за внатрешни работи прецизираат дека помеѓу 1 јануари и 13 јуни 2022 година имало 777 случаи на преминување или обид за преминување на Ла Манш со мали чамци, во кои биле вклучени 20.132 мигранти, што претставува 68 отсто повеќе отколку во истиот период во 2021 година.

Овој извештај доаѓа во време кога на британска страна се заострува мигрантската политика.

Податоците на Министерството во јануари, во 2021 година, обидите да се премине Ла Манш, главно со гумени чамци, од северниот брег на Франција меѓу Кале и Данкерк достигнал „рекорд“ од 52.000 луѓе кои се обиделе и 28.000 кои успеале.

Министерството соопшти дека стапката на спречени обиди постојано се зголемува и дека 61,39 отсто од обидите за преминување преку морето биле спречени, што е за 4,2 процентни поени повеќе од 2021 година и дека од почетокот на годината биле приведени 10.090 лица, што е пораст од 65 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.