И по укинувањето на обврската на работодавците да им понудат на вработените можност да работат од дома, сепак една четвртина од вработените кај кои е можна оваа форма на работа ја користат оваа можност.

– Очигледно, многу компании трајно се адаптираа на пофлексибилни работни модели, изјави Жан-Виктор Алипур од Институтот Ифо во Минхен (Институт за економски истражувања).

Според истражувањето спроведено од Институтот во април, 24,9 отсто од вработените работеле од дома, што е нешто помалку отколку во март кога оваа можност ја искористиле 27,6 отсто.

Обврската на работодавците да им понудат работа од дома на вработените каде тоа е можно, што беше една од мерките против пандемијата со Ковид-19, истече на 20 март.

Ифо нагласуваат дека 56 отсто од работните места во Германија дозволуваат работа од дома



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.