Намален е бројот на Германци кои во текот на минатата година се пријавиле за обука за „медицинска сестра“. Ова е загрижувачки тренд за Германија, земја во која има значително изразен феномен на стареење на населението, и која веќе има недостиг од здравствени работници.
Како што објави ДПА, повикувајќи се на најновиот извештај на оваа тема на Федералниот завод за статистика Дестатис, околу 52.100 жители на Германија почнале курсеви за медицински сестри во 2022 година, што е седум отсто помалку отколку во 2021 година.
Генерално, жените го сочинуваат мнозинството (74 проценти) од студентите за медицински сестри во земјата. Оваа професија во Германија привлекува и постари луѓе кои сакаат да ја променат кариерата – 11 отсто од заинтересираните се на возраст меѓу 30 и 40 години, додека седум отсто се над 40 години.
Се очекува Германија да има потреба од значително повеќе медицински сестри во наредните години. Во март, Дестатис предвиде дека бројот на стари лица на кои им е потребна грижа во Германија ќе се зголеми за 37 отсто до 2055 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.