Шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин загина денеска откако приватен авион се урна во руската област Твер, соопшти руската Федерална агенција за воздушен сообраќај.

Покрената е истрага за падот на авионот Ембраер, што се случи вечерва во регионот Твер. Според списокот на патници, меѓу жртвите е и Евгениј Пригожин“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Покрај Пригожин, загинаа уште девет лица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.