Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, најверојатно ќе се кандидира за претседател на изборите кои почнуваат подоцна овој месец, откако италијанските партии на десниот центар се согласиле околу неговата кандидатура.

Манфред Вебер, конзервативен германски политичар кој е на чело на групата Европски народни партии (ЕПП) исто така го поддржал Берлускони денеска.

Паневропскиот ЕПП се состои од конзервативни партии и партии на десниот центар од целиот континент.

“Како лидер на Европските народни партии, го поддржувам Берлускони за претседател на републиката бидејќи покажа дека има знаење да ја врши таа функција”, рекол Вебер за “Corriere della Sera”.

Водечките членови на неколку десничарски парти се состанале во петокот навечер во вилата на Берлускони во Рим. Пратениците на конзервативната партија Форца Италија, крајно десничарската Лега и други се согласиле дека Берлускони е вистинската личност да стане претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.