Разузнавачката служба на Австрија приведе четири лица во истрагата за постоење исламистичка мрежа, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Апсењата следеа по индициите за можен напад врз црква во Виена и катедрала во германскиот град Келн.

Управата за државна безбедност и разузнавање при МВР на Австрија денеска соопшти дека во тек е распит на осомничените. Засега не може да се даваат повеќе детали поради истрагата која е во тек.

МВР во Виена соопшти дека безбедносната состојба во Австрија и низ Европа е тензична. Затоа безбедносните служби презедоа мерки на претпазливост за време на божиќните празници во форма на зголемен надзор и следење на јавните простори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.