Синот на Рајан Весли Раут, осомничен за обидот за атентат врз Доналд Трамп, даде изјава за Си-Ен-Ен откако неговиот татко беше уапсен на Флорида.

Најстариот син на осомничениот, Оран, го опишал неговиот татко како „полн со љубов, чесен и вреден човек“.

Не знам што се случи на Флорида и се надевам дека работите се само претерани, бидејќи според она што го слушнав, не звучи како човек што го познавам; дека би направил нешто лудо, а камоли насилно, вели Оран.

Весли Раут е уапсен, а според ФБИ, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден по обидот за атентат во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, Флорида.

„Вашингтон пост“ објави дека Трамп играл голф на теренот кога се случил инцидентот.

Медиумите потстеуваат дека ова е втор обид за атентат врз Трамп за 64 дена.

Поранешниот американски претседател беше повреден во обид за атентат во Пенсилванија на 13 јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.