Опозицискиот политичар Алексеј Навални потврди дека бил префрлен во друг затвор со силни безбедносни мерки. Навални се појави на апликацијата Телеграм и напиша дека е префрлен во затворот со максимално обезбедување, во селото Мелехово во Владимирската област, на околу 250 километри источно од Москва, пренесува АП.

Навални, претходно беше затворен во казнената колонија ИК-2 во Владимирската област.

Објектот во градот Покров се издвојува меѓу руските казнено-поправни установи по особено строг третман кон затворениците.

Навални (46) изјавил дека сега е во „строг режим“ и во карантин, без да наведе зошто е во какви било услови.

Тој беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати од Германија, каде што пет месеци се опоравуваше од труењето со нервен агенс за што го обвинува Кремљ. Тој беше осуден на две и пол години затвор за наводно кршење на условната казна додека бил надвор од Русија.

Во март 2022 година, Навални беше осуден на девет години затвор за измама и непочитување на судот, што тој го опишува како политички мотивиран обид на руските власти да го задржат зад решетки што е можно подолго.

Новата пресуда против Навални беше донесена во време на остра конфронтација на Кремљ со неговите поддржувачи, други опозициски активисти и независни новинари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.