Бидејќи контролорите на летање почнуваат со 24-часовен штрајк, се очекува патниците кои летаат за и од Франција да се соочат со задоцнети и откажани летови, јави ДПА.

Француската управа за цивилно воздухопловство повика авиокомпаниите за половина да ги намалат своите услуги во континентална Франција и странските територии.

„Ер Франс“ соопшти дека денеска ќе откаже околу 55 отсто од нејзините летови на кратки и средни релации и близу 10 проценти на подолгите.

Мнозинскиот синдикат на контролори на летање повика на штрајк, појаснувајќи дека и покрај шест месеци преговори, недостасуваат конкретни одговори од страна на работодавачите.

Клучните спорни точки се заштита на пониските работни места и плаќањата за да се компензира поради инфлацијата.

Како што информираше синдикатот, една третина од контролорите на летање ќе се пензионираат меѓу 2029 и 2035 година. Тоа се должи на долгата обука, план за вработените на пониски работни места треба да биде во сила до наредната година.

Синдикатот веќе најави втор штрајк од 28 до 30 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.