Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, соопшти дека американски дипломати продолжуваат да ја напуштаат Русија во согласност со реципрочните барања на Москва.
Американската страна ги следи нашите инструкции. За жал, процесот на намалување на бројот на вработени продолжува и од двете страни. Ова не е наш избор, туку тие ја напуштаат американската Амбасада, следејќи ги барањата што ги поставивме – изјави Рјабков.
Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, претходно изјави дека во Вашингтон ќе останат само 184 вработени во руската Амбасада, откако една група ја напушти земјата до 30 јануари, во согласност со американското ограничување на мандатот на руските дипломати на три години.
Претходно, официјална Москва, како одговор на антируските санкции на Вашингтон и уште една рунда протерувања на руски дипломати, воведе забрана за вработување на руски и државјани на трети земји во американската Амбасада во Русија.
Амбасадата подоцна соопшти дека од 12 мај 2021 година ќе ги намали конзуларните услуги и дека ќе го прекине издавањето на недипломатски визи. Меѓутоа, оттогаш и издавањето дипломатски визи значително забави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.