Најактивниот вулкан на Филипините изминативе 24 се активираше со зголемен интензитет, исфрлајќи големи количини лава по падините на вулканската планина Мајон, јавуваат медиумите. Десетици илјади луѓе се во подготвеност да ја напуштат опасната зона во случај на голема ерупција.
WATCH: Mayon Volcano glows in the night sky as lava and bright orange rocks fall down its slopes this evening.
State volcanologists earlier placed Mayon under Alert Level 3, warning nearby residents of possible explosive activity.
📹 Jolly Gozon, Lowie Quijada/CNN Philippines pic.twitter.com/GUsKLh3xuC
— CNN Philippines (@cnnphilippines) June 11, 2023
Откако вулканската активност се интензивираше минатата недела, повеќе од 12.600 луѓе избегаа од главно сиромашните земјоделски заедници на 6 километри од кратерот на Мајон.
Сепак, илјадници луѓе остануваат во опасната зона во подножјето на Мајон бидејќи немаат каде да одат и да се извлечат од потенцијалната поголема опасност, пренесуваат медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.