Саудиска Арабија и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) плус Русија го одбиле барањето на американскиот претседател, Џо Бајден, да го зголемат дневното производство на нафта за два милиона барела дневно.

Наместо таквото барање, ОПЕК ќе продолжи да се придржува до претходниот договор за зголемување од 400.000 барели дневно, што е недоволно за задоволување на светската побараувачка и предизвикува раст на цените.

Саудискиот принц, Мохамед бин Салман Ал Сауд, како неформален лидер на ОПЕК, исто така го одбил барањето на официјалне Вашингтон и некои од членките на ОПЕК, Русија да биде исклучена од членството во оваа моќна организација.

Последиците на таквата одлука на ОПЕк беа видливи на берзите, каде што еден барел нафта достигна цена од 115 долари за барел, што е највисока цена во последните 10 години, како и двпојно повисака цена во однос на минатото лето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.