Русија вчера објави дека го контролира Мариупол, а претседателот Владимир Путин нареди војската да се откаже од намерата да ја заземе челичарницата Азовстал. Компанијата Макар Технолоџис објави сателитски снимки за кои тврдат дека прикажуваат големи масовни гробници во опколениот украински град Мариупол.
Американската компанија соопшти дека на ова место во последните неколку недели се појавиле повеќе од 200 нови гробници, додека руските трупи продолжуваат да го бомбардираат регионот.
И градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, во објава на Телеграм соопшти дека во масовни гробници во овој град би можело да има тела на околу 9 000 цивили.
„Најголемото воено злосторство во 21 век е направено во Мариупол. Ова е новиот Бабин Јар. Тогаш Хитлер убиваше Евреи, сега Путин ги уништува Украинците. Веќе уби десетици илјади цивили во Мариупол“, пишува Бојченко.
Градоначалникот, пак, во друга објава вчера, напиша дека руските сили копаат големи дупки во близина на селото Мануш, преку кои, според него, се обидуваат да ги сокријат воените злосторство, криејќи ги телата на починатите во нив.
Русија вчера објави дека го контролира Мариупол, а претседателот Владимир Путин нареди војската да се откаже од намерата да ја заземе челичарницата Азовстал, во која се наоѓаат преостанатите украински војници во Мариупол.
Наместо напад, Путин нареди целосно блокирање на сите влезови на челичарницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.